Нов пензионерски дом во Ѓорче Петров со капацитет до 80 станари, најави кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски.

„Континуирано даваме поддршка на сите активности на нашите пензионери во Ѓорче Петров, а и тие не го забораваат нашиот ангажман и се постојано активни и се присутни на терен. Затоа, сакам да направам еден голем гест за идните генерации на пензионери, за луѓето коишто староста ја поминуваат овде во Ѓорче Петров. Ѓорче Петров ќе го добие првиот пензионерски дом кој ќе биде на локација на поранешното „Борово“. Овој пензионерски дом ќе биде со површина од 1.800 метри квадратни и ќе може да прими од 60 до 80 станари. Покрај становите за новите жители во овој дом, овој дом ќе располага и со заеднички простор од приближно 200 метри квадратни каде што луѓето ќе можат во староста да се дружат, да се забавуваат и да ги исполнуваат нивните секојдневни социјални услуги“, рече Стојкоски.