На денешната седница во Собранието се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски кој ги демантираше сите тврдења на пратеничката Јована Тренчевска, и со документ ја прикажа стратегијата за реформа на јавната администрација за 2023/2030 година донесена неколку месеци пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт.

Пратеникот посочи дека на страница 56 од Стратегијата за реформа на јавната администрација е опфатено и предвидено истото тоа кое денеска пратеничката Тренчевска го критикуваше во Собранието односно намалување на органите меѓу кои и инспекторатите да влезат во состав со министерството.

„Ајде да ви докажам уште една работа што е концептот за реорганизација на управата, да се направи министерски систем тоа е суштината на Европската Унија каде што министерството во тој систем ќе креира политика каде што на еден начин агенциите ќе спроведуваат и инспекторатот ќе прави инспекција на тие политики“, рече Стојаноски.

Пратеникот исто така нагласи дека управата за инспекциски надзор не го губи правниот субјективитет туку дека нивната одговорност ќе биде сведена под министерствата.

„Не ги губи правниот субјективитет туку нивната одговорност се сведува под министерството, тогаш како функционира управата за имотно правни работи под министерството за финансии? Дали до сега во вашето министерство кое што вие го водевте немате управни органи кои што соработуваат односно се под министерствата? Има“, објасни Стојаноски.

Пратеникотја нагласи суштината на законот.

„Што е суштината на нашиот закон. Согласно законот за реораганизација на државната управа треба да се намалат буџетските корисници од прва линија, на тој начин ние овие институции ги реорганизираме и ги носиме да бидат под надлежност на министерствата, не значи дека го губат правниот субјективитет тие продолжуваат да си работат со нашиов закон во соработка со министерството за финансии, сите оние отворени прашања од аспект на исплатување на платата ги решаваме, сите материјални обврски ги решаваме на начин на кој што со еден член на законот кој што сме го поднеле ги даваме само во согласност со министерствата односно даваме можност да продолжат да работата на начин на кој што министерството овој пат ќе може да ги завршува тие материјални обврски кои што потенцијално би се јавиле“, рече Стојаноски.

Стојаноски повторно се обрати до пратеничката Тренчевска и ја демантираше.

„Кога се прават тие планови се прави годишен 6 месечен и месечен вие тоа што го зборувате повторно излажавте се работи за месечен план за работа на секој инспектор кој што го носи директорот“, дециден е Стојаноски.