Амал Клуни ги поставува модните трендови со секое појавување и навистина се снаоѓа одлично, а по бројните црвени теписи каде што беше во своите најдобри комбинации со сопругот Џорџ Клуни, време е за деловен стил.

Таа се појави на Светскиот економски форум во Давос, каде што учествуваше на панел наречен „Моќта на гласот“, а привлече внимание и со својот стил.

Носеше долго беж крзнено палто со вештачко крзно со кое бевме преплавени оваа сезона (во сите должини, бои и варијации), а под него имаше уште едно трендовско парче – одело во популарната чоколадна боја и класични елегантни чевли со високи потпетици.

Во раката имаше црна кожна чанта со класичен крој и јасна практичност, како и големи очила за сонце и ненаметлива шминка во земјени тонови.

Овој стил е познат како „mob wife“ и доживеа популарност во 2024 година, а е препознатлив по парчиња како оние што ги гледаме на Амал Клуни токму сега – крзнени палта, големи очила за сонце, волуменозна фризура и високи потпетици.

Нејзиниот стил беше пофален и од модните експерти, пишува Index.hr.

„Палто од вештачко крзно веднаш остава впечаток на самодоверба и луксуз, но успехот лежи во умереноста. Силуетата е богата, но контролирана – благодарение на чистите линии и неутралните тонови“, вели Ориона Роб, стилистка со повеќе од 20 години искуство во луксузната мода.

„Изгледа модерно, а не ретро. Не е таму како статусен симбол, туку како промислен моден избор, поради што вештачкото крзно се носи сè повеќе надвор од гламурозните пригоди“, додаде таа.

Текстот Стилот на деловна жена пофален од модните експерти: Амал Клуни никогаш не прави грешки е превземен од МАКФАКС.