Информацијата дека Кире Лазаров и следната сезона ќе игра во Нант доби потврда и тоа од претседателот на клубот Гаел Пелети.
Тој за француските медиуми изјави дека 41-годишниот бек и следната сезона ќе игра во екипата која по втор пат во историјата обезбеди пласман на Ф4 во ЛШ.
-Вистинска чест е да потврдам дека Кире Лазаров ќе го продолжи договорот и ќе игра наредната сезона во Нант, изјави тој.
Кире во Нант е од 2017-та година, а дојде од Барселона.
