Британскиот инвестициски фонд БЦ Партнерс испрати понуда до групацијата „Сунинг“ да купи мнозински удел во Интер.
Сунинг неодамна одлучи да се повлече од Интер. Тие најавија дека ќе го продадат својот удел во клубот, а имаа мнозинска сопственост од 68,55 проценти.
Први се јавија БЦ Партнерс. Наводно, тие подготвиле понуда од 750 милиони евра, која вклучува отплата на долговите што ги има клубот од Милано, кои изнесуваат меѓу 400 и 450 милиони евра.
Сепак, се верува дека кинеските сопственици ќе ја одбијат оваа понуда. Тие сакаат многу повеќе пари, а бројката што се споменува е дури милијарда евра.
Прашањето, сепак, е дали некоја компанија, група или инвестициски фонд ќе има желба да плати толку пари за клуб кој има огромни долгови.
Освен БЦ Партнерс, со купувањето на Нераѕурите се поврзани и американските групи Фортс и американски Арктос Спорт Партнерс и скандинавскиот инвестициски фонд Ект.
loading…