Стевчо Јакимовски објави дека на претстојните локални избори ќе се кандидира за градоначалник на Општина Карпош.
-Почитувани пријатели. Сакам да ве известам дека одлучив да се кандидирам за следен градоначалник на Општина Карпош на претстојните локални избори, напиша тој на својот Фејсбук профил.
Инаку, Јакимовски е поранешен градоначалник на Карпош од 2000-2003 и од 2009-2017. Во 2017-та загуби на изборите токму од актуелниот градоначалник Стефан Богоев.
Инаку, тој чека судење за обвинението од август 2018, каде е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувањата, дека како градоначалник дозволил објектот на Општина Карпош каде што е сместена општинската администрација да се изгради без одобрение за градба и без соодветно архитектонско-урбанистичка документација.