Министерката за култура, Ирена Стефова вели дека не е крај на светот ако УНЕСКО го избрише Охридскиот регион од листата на светско природно и културно наследство затоа што внесувањето на списокот на загрозени културни добра треба да поттикне повисока свест кај институциите и граѓаните.
“Да се разбереме, ставањето во опасност не е катастрофа, туку напротив ако дојде до тоа случајно, тогаш и режимот на заштита мора да е уште повисок. УНЕСКО ќе помогне со експертиза, со фондови, но тогаш главната обврска и одговорност е на сите нас во нашата земја, се разбира и на институциите од локалната и централната власт, но и на граѓаните, ако сакаме ова светско и културно добро да го заштитиме.“, смета министерката Стефова.
Таа открива дека главна забелешка на УНЕСКО се дивоградбите во крајбрежниот појас, кои ќе бидат решени преку донесување на детален урбанистички план од државно зачење за крајбрежјето и водите на Охридското езеро.
Според неа, институциите досега работеле на примена на препораките не УНЕСКО, како е поништувањето на плановите и проектите за ски центар и пат низ Националниот парк Галичица, решавање на сообраќајот во стариот дел на Охрид, пренасочување на реката Сатеска, како најголемиот загадувач на езерото, како и се реконструикција на прочистетелнтие станици.