Вработените во НУБ Свети Климент Охридски се грижат се да биде во ред за најавената посета на министерката за култура, Ирена Стефоска. Кога дојде, им се обрати на новинарите.
Стефоска потоа најави дека министерството за култура планира да ја обнови библиотеката, со санирање на кровот на објектот кој е основан во 1972. Критикувајќи ги своите претходници и без да прецизира колку средства, министерката даде зборот дека библиотеката “ќе ја крене на нозе“.
За читалната која е со мизерни услови за кои се жалат многу студенти и која прокиснува кога врне, новата директорка Јелисавета Костадинова вети дека по изборите ќе започне реновирањето, кога ќе биде сменет подот и инвентарот.
Со подобри услови не се ни другите читални и простории на Националната библиотека во кои има влага. Министерката Стефоска апелираше до граѓаните и компаниите за санирање на Националната и универзитетска библиотека Свети Климент Охридски која е запуштена со децении и се урива пред очите на студентите.