Актуелниот градоначалник на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, потврди дека тој е потенцијален кандидат за градоначалник на Град Скопје.
На прашање од медиумите упатено до градоначалникот Стефковски по однос на последната седница за тоа дали очекува да биде кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ со оглед на тоа дека Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не го потврди како кандидат за градоначалник на општина Гази Баба, Стефковски потврди дека неговото име е дел од имињата на потенцијалните кандидати за кои партијата спроведува анкети.
„ВМРО-ДПМНЕ спроведува еден транспарентен и демократски процес на номинирање на можните кандидати за градоначалници и советници за престојните локални избори. Името на кандидатот за градоначалник на Скопје ќе се знае на почетокот од месец јули. Она што сакам да го потврдам дека моето име е дел од имињата кои ќе одат на анкети за градоначалник на Град Скопје. За мене тоа претставува ччест и е резултат на посветената работа и реализацијата на голем број проекти кои ги реализиравме изминатите четири години. Она што сакам со сигурност да го кажам е дека идниот градоначалник на Град Скопје ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и секако кој и да е ќе ја добие нашата поддршка и поддршката од Скопјани бидејќи Скопје заслужува сериозен развој и лик на европска метропола“, изјави Стефковски.