Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес 01.03.2022 година во просториите на општина Гази Баба потпиша меморандум за соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА.
За потпишувањето, градоначалникот Стефковски на својата официјална фејсбук страна напиша:
“Во просториите на општина Гази Баба, денес потпишав меморандум за соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА. Меморандумот се однесува на реализација на локалниот акциски план за вработување на ромки на подрачјето на општина Гази Баба”- напиша градоначалникот Стефковски.