Спроведувањето на законите за борба против корупцијата во Северна Македонија на моменти било слабо и селективно ги таргетирало владините критичари и прекршители на ниско ниво, се вели во извештајот на Стејт департментот за климата за инвестирање во државата за 2021 година.
Во извештајот се наведува дека имало кредибилни обвинувања за корупција во полицијата, судството и многу други сектори.
„Актуелната Комисија за борба против корупцијата (ДКСК), именувана во февруари 2019 година, продолжи со работа по усвојување на новата легислатива за антикорупција во јануари 2019 година, и е особено проактивна оттогаш. Комисијата отвори бројни истраги поврзани со корупција, фокусирани на високи официјални лица од политичкиот спектар, за наводни непотизам и конфликт на интереси“, стои во извештајот.
Во него се наведува дека „Транспаренси интернешнл ја рангираше Северна Македонија на 111. место од 180 земји, согласно Индексот за перцепција на корупцијата во 2020 година, што е пад од пет места, поради недостаток на владини напори за борба против корупцијата и судирот на интереси во јавната администрација. Како резултат на јавното разочарување и притисок поради високиот индекс, делумно, го поттикнаа вицепремиерот за борба против корупцијата да воведе етички кодекс за членовите на Владата и сите други функционери назначени од Владата, според кој тие мора да се посветат на транспарентна и одговорна работа“.
(Целиот напис прочитајте го во Гласот на Америка)