Во годишниот извештај американскиот Стејт департмент наведува дека Албанија треба уште многу да стори во спречувањето на перењето пари кои доаѓаат од организиран криминал и придонесуваат во зголемување на корупција.
„Албанската Влада не постигна значителен напредок во спречување на перењето пари и финансирањето на криминалот во текот на 2020 година. Албанија останува незаштитена од перењето пари поради корупцијата, организираниот криминал и неформалниот сектор, вклучувајќи пари што доаѓаат од странство. Албански криминални организации дејствуваат во Европа и Латинска Америка“, наведува Топ чанел телевизија повикувајќи се на извештајот.
Албанија, се наведува понатаму, оствари напредок, во користењето на законот за борба против мафијата, запленувајќи 40 отсто од имотот на едно лице шверцер на дрога наречен „Ескобар на Балканот“, вклучувајќи уште едно лице осудено во Турција за трговија со хероин.
„Овие организации за трговија со дрога го шират своето присуство на глобално ниво. Количествата кокаин запленети во Западна Европа се поврзани со албански државјани кои шверцуваат дрога на европските пазари директно од Турција или земјите од Латинска Америка, вклучувајќи ја и Азија“, констатира Стејт департментот, објави телевизијаТоп чанел.