Во рамки на Скопскиот економски и финансиски форум, формиран е Совет на експерти – поранешни министри за финансии, со цел да се искористи нивното искуство и знаење при креирањето на политиките.
-На средбата дискутиравме за актуелните прашања, енергетската криза, инфлацијата, ситуацијата во Украина, но и за нашата цел да обезбедиме повисоки и одржливи стапки на економски раст кои ќе водат кон подобар животен стандард за сите граѓани, порача министерот за финансии Фатмир Бесими.
Целта е да се поттикнат сите засегнати страни да понудат решенија кои ќе бидат добар одговор на кризата, но и на она што доаѓа по неа, а Советот на поранешни министри за финансии значајно ќе придонесе за тоа, вели Бесими. Како што вели тој, работејќи заедно, не само што ќе ја надминеме моменталната криза, туку и ќе изградиме економија што ќе биде отпорна на сите идни предизвици!
На состанокот присуствуваа поранешните министри за финансии Зоран Ставрески, Кирил Миновски, Нина Ангеловска, Таки Фити, Трајко Славески, како и актуелниот заменик министер за финансии Филип Николоски.