Отворена можност за домување во срцето на Скопје – МГ ФЕШН ДОО Скопје ја стартува кампањата преку која во неколку фази ќе биде презентиран комплексот „Гранд Скопје“, кој започна да се гради спроти хотелот „ХолидејИн“.
Комплексот беше презентиран во јавноста во април минатата година, но инвеститорот сè уште не открива нови детали.Сепак, кампањата навестува дека „Гранд Скопје“ ќе им понуди на потенцијалните станари ексклузивна локацијасо најдобриот поглед во градот и атрактивен комплекској нудисѐ на дофатна рака.
Станува збор за комплекс кој ветува дека ќе биде новото обележје на градот и кој е совршен избор за сите оние кои тежнеат кон урбано домување, модерен и квалитетен животен стил.
Првиот објект кој во моментов е во градба, именуван како „Гранд Ривер“, е станбено-деловен објект кој содржи три нивоа под земја, приземје, дваесет ката и поткровје, а се гради согласно највисоките архитектонски стандарди и нормативи за градење на енергетски ефикасни објекти. Подземните нивоа се наменети за паркирање на возила, приземјето и првиот кат се со деловна намена, додека останатите катови се сочинети од станбени единици со различна големина. Објектот, како и самиот комплекс, е дизајниран да овозможи максимален комфор на идните корисници на станбените единици, како и целосно искористување на погледот и природната светлина, кон реката Вардар и кон планината Водно.
Инаку, инвеститорот претходно најави дека целиот комплекс „Гранд Скопје“ ќе биде со мешана намена, односно составен од две станбени и една административна зграда, кои ќе бидат поврзани со отворен шопинг-простор во приземјето, а пак во центарот на комплексот е предвиден урбаниот парк на површина близу 7.500 м2 како донација за градот Скопје и сите граѓани.