Истакати членови од таканареченото старо крило на СДСМ и долгогодишни советници во советот на општина Охрид формираат независна листа за локалните избори, јавува Сител.
„Охрид пред се“, е мотото а основна цел на Иницијативниот одбор како што велат е подготовка на граѓанска листа составена од професионалци, работливи, и чесни охриѓани кои ќе го преземат управувањето со Советот на општината и ќе го претворат во место каде граѓаните реално ги решаваат своите локални проблеми.
Не се исклучува можноста вакви листи да има и во другите градови во земјава. Инаку Иницијативата „Охрид пред се“ ќе започне со активности и дејствување веднаш штом завршат мерките за ограничување на движењето.