Старбакс планира да отвори уште 22 илјади ресторани во светот во следните 10 години. Фирмата сега има 33.000 објекти, а целта е до 2030 година да имаат 55.000.

Тие, исто така, планираат да изградат нови видови ресторани, вклучително и оние за нарачка и купување од автомобили.

– Иако растеме од голема база, имаме доволно простор да ја прошириме мрежата на ресторани каде нашиот бренд не е достапен, рече Росалинд Бруер, главна оперативна директорка на Старбакс.

Таа посочи дека со отворање на нови ресторани ќе се намали притисокот врз постојните.

Оваа компанија, како и многу други, се обидува да ги надомести загубите што ги претрпе за време на пандемијата на коронавирусот, откако забележа пад на продажбата во повеќето ресторани низ целиот свет.

Извор:МИА