
Од утре Грција ќе почне официјално да го спроведува во пракса европскиот дигитален ковид сертификат.
Согласно објавениот акт, дигиталниот ковид пасош освен личните податоци содржи и информации поврзани со ковид за тој што го поседува. Во него се наведува дали лицето е вакцинирано, има резултати од брз или пак од ПЦР тест или дали има прележано ковид-19.
Во случај на вакцинација, неопходни податоци се вид на вакцина, производител, број и датум на примените дози.