Од денеска извршителите нема да може да пресметуваат камата повисока од главниот долг кај договорните казнени камати. Законот за облигациони односи стапи во сила без во него да се вметнат дополнувањата со кои ќе се опфатат и останатите камати за кои нема договор односно законски казнените камати. Пратениците велат дека законот е јасен и оти извршителите треба да го почитуваат без разлика за која камата се однесува.
Advertisements
„Иако се предложени измени во Законот околу затезната камата и договорната сметам дека под зборот камата самата укажува дека штом престанува каматата, до главниот долг престануваат сите камати, меѓутоа не е проблем нека се подобри текстот на законот и да помине во Собранието. Денеска е први, законот почнува да функционира, извршителите треба да го почитуваат Законот зошто се друго што ќе преземат е правење на кривично дело“, рече Самка Ибраимовски, Еден од предлагачите на законските измени.
Новите измени во законското решение, според пратениците-предлагачи, се очекува да бидат донесени по завршувањето на локалните избори. Извршителите неколку пати реагираа дека со законското решение кои денеска стапија во сила каматата за одредени долгови и натаму ќе може да биде повисока од главниот долг, особено кај комуналните услуги, како што се водата, струја, парно, телекомуникации, смет и слично.
Андреа Чобанова