Исто како и ланскиот првомајски протест и оваа година Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ги повика работниците и нивните поддржувачи на протест за најмалку 500 евра минимална плата, 100 евра зголемување на сите останати плати и почитување на колективните договори. Минатата година претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов кога повикуваше на првомајски протест кажа дека од новата Влада ќе побара покачување на минималната плата уште во првите сто дена, но една година подоцна, барањето не е исполнето, па и утрешниот првомајски протест  ќе биде со истите барања.

„Нашите барања не се од денес, не започнаа вчера и нема да завршат утре. Протестот е начин на Први мај да изразиме незадоволство од висината на платите кои ги примаат работниците во Македонија, а како што многупати сме кажале досега се најниски во регионот, а да не зборуваме и за пошироко. ССМ ги повикува сите кои му мислат добро на работникот во текот на утрешниот ден, Први мај, во 11 часот да ни се приклучат на работничкиот протест со рутата на движење Собрание-Стопанска комора- Влада. Денеска синдикатите во Македонија имаат многу причини да излезат, да демонстрираат и да протестираат, а не да прославуваат. Денеска имаме можност да покажеме дека сме тука за работниците“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.

На утрешниот протест трендафилов одговарајќи на новинарско прашање каже дека нема да има сендвичи но ќе се протестира за работниците да може да се изборат не само за сендвич туку за да можат да обезбедат далеку повеќе работи за семејствата.

Протестот ќе почне утре во 11 часот пред Работничкиот дом.

Текстот ССМ утре на протест со исто барање како лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата е превземен од МАКФАКС.