Трпението нема крај, повеќе нема да чекаме – нашите барања да бидат разгледани и исполнети веднаш, порача Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) од протестот пред Владата.
Пред Владата, покрај синдикалците, се и вицепремиерот Фатмир Битиќи, како и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска чие присуство јавно, пред сите присутни, го поздрави претседателот на ССМ Дарко Димовски.
-Унапредувњата на правата на работниците не се случува еднаш засекогаш. Треба да се зборува и за еднаквиот третман на мажите и жените на пазарорт на трудот, за безбедноста при рабпота како и за сите други права кои се забопрваат посебно за време на кризи
Никој не треба да заборави дека работникот е на право место, човечкиот капитал е пред се, рече Битиќи, а министерката Тренчевска порача дека и синдикатот и Владата се заедно во борбата за унапредување и почитување на работничките права.