Како од пратениците така и на утрешната средба во Владата работниците очекуваат позитивен одговор на предлогот на ССМ за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати согласно Колективен договор и Закон и регрес за годишен одмор за работниците во јавниот сектор веднаш.
Во оваа ковид, економската и енергетска криза потребно е зголемување на платите, а тоа го покажува и анализата на еминетните професори која покажува дека зголемувањето на минималната плата нема негативен ефект врз фирмите и не влијае врз намалувањето на нивната профитабилност. Напротив, со растот на платите на вработените, кај нив се зголемува мотивацијата, а со тоа и продуктивноста со што не се забележуваат промени во профитабилноста на фирмите или дека за да се зголеми продуктивноста треба да се зголеми минималната плата, а со тоа ќе се зголеми и додадената вредност на фирмите, односно БДП.
Согласно аргументите, анализите и фактите, бараме во понеделник да се прифатат барањата на работниците кои се егзистенцијални и неопходни за да се преживее оваа криза.