Владата и ССМ се договорија за повисоки плати во јавната администрација, но власта тоа не го предвиде со ребалансот на буџетот. Министерот за финансии, Фатмир Бесими вели дека не може да потврди дали такво нешто им е ветено на синдикалците бидејќи разговорите продолжуваат.
Но изјавата на Бесими за претседателот на ССМ Дарко Димовски е неоправдана. Вели дека не може министерот Бесими да не биде информиран кога и тој е дел од владиниот кабинет.
Доколку до понеделник не се одржи средба меѓу Владата и ССМ за разјаснување зошто со ребалансот на буџетот нема пари за нивните плати, Димовски вели дека од понеделник ќе организираат генерален штрајк што ќе значи прекин на работата во работното време. Во меѓувреме министерот Бесими рече дека дворот на министерството за финансии не е место каде што треба да се протестира бидејќи тие не се тие институцијата која што преговара.