Авиони на српската армија и денеска летаа над областа околу Јариње, преминот со Косово. Како што објави Бета, повикувајќи се на Српската радио -телевизија (РТС), два авиони „Орел“ прелетаа над областа каде што се распоредени специјалните сили на Косово, како и голем број Срби од северно Косово кои го блокираат локалниот пат поради одлуката на Косово да ги замени српските регистарски таблички .

Претходно, хеликоптер на КФОР го прелета реонот околу Јариње, а вчера хеликоптерите српската војска исто така прелетаа над таа област.

На социјалните мрежи се појавија снимки од наводниот трансфер на тенкови на српската армија во близина на преминот.