Високиот претставник на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми, реагираше по изјавите на српската министерка, која денеска во едно јавно обраќање ја нападна ДУИ.
Тој потсети дека истата пратеничка, за време на нејзината посета во Битола, го употреби терминот „Косово и Метохија“ за да го опише Косово, оценувајќи го тоа како продолжение на националистичките наративи.
Во продолжение следи целосната реакција на Адеми:
Српската министерка не само што се обидува окупацијата да ја прикаже како „ослободување“, туку сега излегува и со директни обвинувања кон ДУИ, негирајќи го насилството и масакрите врз Албанците и другите народи.
ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН молчат, со што стануваат соучесници во проектите на „српскиот свет“.
ДУИ ќе остане непоколеблива во одбраната на евроатлантската ориентација, меѓуетничката еднаквост и историската вистина на државата.