Претседателот на Средношколски сојуз на Македонија, Бленди Ходаи соопшти дека денеска попладне е се сретнат со премиерот Зоран Заев, на која ќе побарат поддршка од премиерот за измена на законот за средно образование.

Поради неможност да се промени концепцијата, годинава средношколците ќе полагаат четири предмети од државната матура, а не два како што бараа претходно.

По 12 дена бојкот, кој го почнаа на првиот ден од второто полугодие, дел од матурантите организирани од Сојузот на средношколци се вратија на настава.

Сојузот одлучи да го стави во мирување бојкотот и да почека парламентот да најде решение откако пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за измени и дополнување на законот за средно образование.