Откако партиите и работните групи не можеа, попладнево лидерите на СДМ и ВМРО-ДПМНЕ на тет-а-тет средба ќе се обидат да најдат заеднички јазик за неколку важни теми за државата. Ќе се разговара како да се деблокира работата на Собранието, со цел да се донесат важни закони, ќе се разговара за воведуавање на гласање со отпечаток на прст на локалните избори, за пописот, за пандемијата.

Оваа средба доаѓа откако пред неколку дена Мицкоски понуди таква средба, а Заев веднаш прифати. Воедно премиерот најави дека во текот на оваа недела ќе има средба со Зијадин Села и Африм Гаши со цел пронаоѓање на заеднички јазик за предлог законот за државјанство поради чие неприфаќање во Собранието Алијанса/Алтернатива ги блокира сите останати закони.