Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески во рамки на Економскиот форум во Скопје оствари средба со Јоанис Смирлис, генерален секретар за меѓународни економски односи во Министерството за надворешни работи на Грција.
На средбата, информираат од Агенцијата, беа разгледани можностите за заеднички проекти и прашања за јакнење на регионалната соработка поврзани со заеднички инвестиции и трговска размена.
– Тие се согласија за превземање на активности меѓу Invest North Macedonia и ENTERPRISE GREECE кои ќе треба да следат во наредниот период како резултат на потпишаниот Меморандум за разбирање на инвестициската и трговската соработка меѓу двете агенции, посочија од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.
Меморандумот за разбирање на инвестициската и трговската соработка е потпишан на ниво на министри за надворешни работи во јануари 2021 година.