Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги прими копиите од акредитивните писма на амбасадорката на Нов Зеланд во Северна Македонија, со седиште во Рим, Жаклин Ен Фризел.

Османи ѝ посака добредојде на амбасадорката Фризел и изрази очекување дека за време на нејзиниот мандат, пријателските односи меѓу двете земји ќе добијат нова динамика и ќе се збогатат со нови содржини од заемен интерес.

На средбата беше разгледана досегашната билатерална соработка и можностите за нејзино унапредување во повеќе области, пред сѐ во економијата. Покрај билатералната, беше разговарано и за мултилатералната соработка, како и за најновите случувања на меѓународната сцена.