Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на 5. издание на Парискиот мировен форум, оствари средба со претседателот на Швајцарската Конфедерација, Игнасио Касис.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски. се разговараше за билатералните односи меѓу двете држави кои од воспоставувањето на дипломатските односи се цврсто поставени на позитивен развоен колосек.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство што Швајцарија е меѓу најважните партнери на Северна Македонија во спроведувањето на реформи во клучни области како демократското управување, одржливиот економски развој, животната средина и одржливите јавни услуги.

Двајцата претседатели исто така разговараа и за регионалната соработка и за европската перспектива, за предизвиците на процесот на интеграција во ЕУ на земјава, како и на државите од Западен Балкан.