Претседателот на државата Стево Пендаровски се сретна со претставници на иницијативата „Подобро за Тетово“ кои ги претставија своите тековни активности.

-Претставниците на иницијативата ги истакнаа своите барања за побрзо институционално разрешување на случаите со автобуската несреќа кај Ласкарци во 2019, случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово и автобуската несреќа во Бугарија во 2021 година и последните случувања на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, соопшти Кабинетот на Пендаровски.

Претседателот ја нагласил важноста од почитување на приципот на владеење на правото, во насока на изградба на функционална правна држава.

-Претседателот Пендаровски упати апел до надлежните институции за целосно, брзо и ефикасно расчистување на сите случаи и неселективна и праведна казна за одговорните, се наведува во соопштението.