Министерот за правда Игор Филков денеска имал средба со министерката за правда на Косово, Албулена Хаџиу, која престојува во рамки на официјалната посета на косовскиот премиер Албин Курти на Северна Македонија.

Министерството за правда информира дека Филков и Хаџиу договориле средба меѓу двете министерства во септември за, како што е наведено, „продолжување на дискусијата и активностите за прашања од заеднички интерес“.

-Се согласија за меѓусебна поддршка во решавањето на приоритетите поврзани со владеењето на правото, посочува Министерството за правда во соопштението.