Министерот за правда, Кренар Лога одржа средба со албанскиот амбасадорво земјава Фатос Река, на која е разговарано за досегашната соработка меѓу двете земји, интензивирањето на оваа соработка како во рамките на билатералните односи, како и за заедничкиот евроинтегративен процес на кој Албанија и Северна Македонија го следат истиот пат кон ЕУ и двете земји ги очекуваат заеднички предизвици.

На почетокот на состанокот, како што информираат од Министерството за прадва, Река на Лога му врачи телеграма со честитки од министерот за правда на Албанија за преземањето на функцијата и неговиот интерес за брза официјална средба меѓу двајцата министри.

Лога, исто така, го инфoрмирал амбасадорот Река и за консултациите кои ги реализирал со различни фактори поврзани со процесот на ветингот во кој, како што се вели во соопштението, добредојдени ќе бидат помошта и искуството на Албанија каде што овој процес веќе е отпочнат и се спроведува.

Уставните промени, како што информираат од Министерството за правда, исто така биле тема на овој состанок, бидејќи од овој процес директно зависи отварањето на преговорите со Европската Унија. Лога го информирал амбасадорот Река дека испратил покани до сите политички партии за да предложат нивни претставници во работната група, во која што ќе учествуваат и независни експерти.