Остварувањето на човековите, личните и колективните права треба да биде во целост и подеднакво овозможено и за Ромите како рамноправни граѓани на Република Северна Македонија, односно на Република Косово. Ќе се обидеме да изнајдеме механизми кои ќе овозможат непречено остварување на правата на Ромите, како правото на живеење во пристојни домови со прифатливи услови, правото на користење на здравствени услуги, образование итн. Иако е потребно да вложиме многу труд за да дојдеме до посакуваната цел, цврсто сум убеден дека ќе успееме да го промениме општото и колективното мислење кое другите заедници, но и државните институции го имаат за Ромите, нагласил министерот Салиу.

Претставниците од Република Косово се согласиле дека состојбата на Ромите во Косово не е многу поразлична од онаа на Ромите во Македонија, но со продлабочување на соработката меѓу двете земји се очекува нејзино подобрување и обезбедување на правата на оваа заедница.

-Секако, свое влијание врз истата имаат и невладините организации кои со своето дејствување придонесуваат за подобрување на положбата на Ромите, се вели во соопштението од Кабинетот на министерот Салиу.