Средба на претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи со новинарите по повод претстојната годишна Министерска конференција на ОБСЕ.
Триесеттиот Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Настанот, на кој се очекува присуство на делегации од 57 земји учеснички и партнери на ОБСЕ, се одржува во рамки на нашето претседавање со оваа меѓународна организација.























