Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска остварил средба со амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш.
На средбата, како што соопшти Министерството за одбрана, се разговарало за досегашната одбранбена соработка со Словачка и иницијативите за нејзино интензивирање, зајакнување и унапредување во повеќе области со цел стабилност и безбедност на регионот и пошироко.
Министерот Мисајловски изразил благодарност за континуираната силната поддршка на Словачка на патот кон целосна евроатланската интеграција на нашата земја.