Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска оствари работна средба со заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјава, Ото Граф.

Како што соопшти Кабинетот на Меџити, во фокус била досегашната соработка на поле на здравството и можностите за нејзино продлабочување.

Министерот се заблагодарил за поддршката на македонскиот здравствен систем за време на КОВИД пандемијата со над 1,45 милиони евра која, како што рекол, е исклучително значајна помош во време на пандемија и светска економска криза. Изразил благодарност и за разните донации кои, според него, се од голема корист за здравствените институции.