Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари конструктивна средба со претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Нухиу Алиу. На средбата се разговараше за можностите за унапредување на бизнис-климата и создавање услови за нови инвестиции.

Двајцата соговорници ја потенцираа важноста на институционалната поддршка за стопанството, како и заедничките заложби за создавање поволна средина за развој на претпријатијата. Беше истакнато дека добрата соработка помеѓу општината и бизнис-заедницата е клучен предуслов за економски раст, отворање нови работни места и задржување на младите во земјата.

-Како локална самоуправа, имаме јасна цел, да обезбедиме стабилна институционална поддршка за стопанството. Соработката со Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, може да овозможи побрзо да ги препознаеме потребите на бизнисите, да ја намалиме административната бариера и да креираме политики кои ќе резултираат со нови инвестиции и економски развој. Верувам дека заедно можеме да направиме значителен исчекор во создавање современа и конкурентна деловна средина, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски по средбата.

Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Нухиу Алиу, упати честитки до градоначалникот за досегашната успешна работа и му посака успех во неговите понатамошни кариерни чекори.

Текстот Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија Нухиу Алиу е превземен од МАКФАКС.