Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска оствари средба со претставници од Стопанска комора на Северозападна Македонија.

-Во фокусот на средбата беше зајакнување на соработката меѓу Собранието и Стопанска комора на Северозападна Македонија, како и измена на дел од постојаната законска регулатива. Меѓу друго едно од нивните барања беше и меѓусебна консултација пред носење на предлог-закони кои се во нивен интерес, информираат од собраниската прес-служба.

Собранието, нагласил тој, може да го сметате како ваш најсилен сојузник, и додал дека ја имаат неговата  целосна поддршка.

На средбата соговорниците се согласиле дека е потребно интензивирање и продлабочување на соработката во иднина.