Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, во Анкара имал средба со министерот за индустрија и технологија на Турција, Мехмет Фатих Кацир, на која разговарале за напредокот на Северна Македонија во реформите во областа на дигитализацијата.
-На средбата му честитав на министерот Мехмет Фатих Кацир за организацијата на „Текнофест” – фестивалот за авијација, вселена и технологија, чија цел е унапредување на националната технологија. За време на разговорот го потврдивме нашиот заеднички ангажман за блиска и координирана соработка, а истовремно ги разгледавме можностите за нови заеднички проекти во областа на дигитализацијата, изјави Алиу.
Како што соопшти МИОА, министерот истакнал дека е важна размената на искуствата и билатералната соработка и реализација на заеднички проекти во областа на дигитализацијата и иновациите.
-Тоа значително ќе влијае на растот, продуктивноста и конкурентноста на економијата со заеднички интерес за двете држави. За нас, како Министерство за информатичко општество и администрација, би било задоволство да бидеме домаќин на нашата следна средба, истакна Алиу.