Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од меѓународниот секретар Тимчо Муцунски, оствари работна средба со амбасадорот на Холандија во државава Дирк Јан Коп, на која, како што соопшти опозициската партија, е афирмирана потребата од оддржување фер и кредибилни локални избори оваа есен.
Мицкоски, стои во соопштението, ја нагласи стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за полноправно членство во ЕУ базирана на вредности и стандарди наместо уцени кои не соодејствуваат со основачките договори на Унијата.
-На средбата Мицкоски се заблагодари на принципиелната поддршка на Холандија насочена кон потребата од реформи на владеењето на правото, но истовремено нагласи дека Македонија останува најкорумпирана земја во Европа која во последните години не успеа да преземе конретни чекори во справување со системските недостатоци, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението по средбата.