„Добрососедските односи се хоризонтален критериум во процесот на евроинтеграциите и без нив не е можно да се постигне членство во ЕУ. Градењето добрососедство бара доверба, отворен дијалог, предвидливост и исполнување на обврските“. Ова го истакна бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев на средбата со неговиот колега од Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, што се одржа во рамките на Минхенската безбедносна конференција.

Бугарскиот прв дипломат истакна дека ставот на Бугарија во однос на европската интеграција на Република Северна Македонија е јасен и конзистентен. Европскиот компромис од 2022 година вклучува комплекс на мерки и нивното целосно спроведување е единствениот пат напред. Вклучувањето на Бугарите, рамноправно со другите народи, во Уставот на Република Северна Македонија е само првиот чекор, чија реализација ќе му овозможи на Скопје да ги започне преговорите за членство. Георгиев беше дециден дека не е можно повторно преговарање или заобиколување на постигнатите договори зад кои стои целата ЕУ.