Дејан Георгиевски загуби во финалето во теквондо во категоријата +80 килограми од Русинот Владислав Ларин со 15:9. Русинот сепак ја доби лавовската борба која на моменти беше израмнета, но сепак се чини дека поснаодлив и посконцентриран беше од Георгиевски. Искористи неколку невниманија и зададе поени, цело време беше во водство, кое не можеше да го анулира нашиот олимпиец.
Сепак и сребрениот медал е историја и Македонија има причина за големо славје.