Македонскиот каратист Столе Смилковски освои сребрен медал во категоријата -67 кг за помлади сениори на последниот ден од Европското првенство во Тампере, Финска.

Смилковски во финалето загуби од Алтунер Јилмаз Екрем од Турција. Претходно во првото коло го победи шпанецот Алекс Ортиз Де Зарате со 4:1, во второто коло против Естонецот Макар Навитски победи со 2:0, во третото коло беше подобар и од Швајцарецот Матијас Брунер со 4:2. Во четвртото коло го победи Хусеин Мамадли од Азербејџан со резултат 4:1 а во полуфиналето и Русинот Егор Пулкин со 2:0.

Од другите македонски репрезентативци, Магдалена Божиновска и Бериз Куртановиќ остварија по 2 победи и освоија седмо место во своите категории, како и машкиот ката тим во екипниот настап, додека женскиот ката тим го освои деветото место.

Резултати У-21 на ЕП 2021:  

-67 кг
Столе Смилковски – Алекс Ортиз де Зарате (Шпанија) 4-1
Столе Смилковски – Макар Натицки (Естонија) 2-0
Столе Смилковски – Матијас Брунер (Швајцарија) 4-2
Столе Смилковски – Хусеин Мамаадли (Азербејџан) 4-1
Столе Смилковски – Егор Пулкин (Русија) 2-0
Финале
Столе Смилковски – Алтунер Јилмаз (Турција) 0-3