Еден 43-годишен маж конечно го добил купеното Ferrari F8 Tributo по една година чекање за кое платил најмалку 360.000 евра.
Среќата му траела само шест часа.
Тој доживеал несреќа на автопатот А5 во која бил оштетен целиот преден дел од автомобилот.
Во полицискиот извештај се наведува дека автомобилот имал летни гуми, па се претпоставува дека ова, заедно со веројатно неприлагодената брзина, била главната причина за несреќата на влажниот пат. Откако возачот изгубил контрола, автомобилот удрил во бетонската бариера, а потоа и во минибус. Тој завршил на заштитната ограда, а пред тоа останал без едно задно тркало.
Возачот не бил повреден во несреќата, додека совозачот имал сериозни повреди и завршил во болница.
Еве што остана од луксузното Ферари: