Одговорот на прашањето „Што е среќа?“ е релативен и зависи исклучиво од личното доживување на тој поим, односно чувствата.

Во продолжение прочитајте како на ова прашање одговорија овие 15 познати личности:

„Среќата е работа на избор. Можеш да избереш да бидеш среќен. Животот ќе ти биде стресен, но твој е изборот дали ќе дозволиш тоа да влијае на тебе или не“, Валери Бартинели.

„Што е среќа? Знаете што се бара и страствено го посакувате тоа“, Фелисиен Марсо.

„Тајната за среќата не е да го работите тоа што го сакате, туку да го сакате тоа што го правите“, Џејмс М. Бери.

„Среќа лежи во радоста поради достигнувањата и возбудувањата поради креативниот напор“, Франклин Д. Рузвелт.

Фото: Пиксабеј

„Среќата е патување, а не дестинација“, Бен Свитленд.

„Во среќата не можеш да отпатуваш, таа не може да биде поседувана, заработена, носена или консумирана. Среќата е духовно искуство на живеењето на секоја минута со љубов, достоинство и благодарност“, Денис Вајтли.

„Доколку сакаш да имаш среќен живот, насочи се кон целта, не на луѓето, ниту на предметите“, Алберт Ајнштајн.

„Вистинска среќа е кога ќе ги усреќиш другите и ќе се радуваш поради нив“, Билјана Станојевиќ.

„Успехот не е клуч за среќа. Среќата е клуч за успехот. Ако го сакаш тоа што го работиш, ќе бидеш успешен“, Алберт Цвајтер.

Фото: Пиксабеј

„Среќа е кога сето тоа што го мислиш, тоа што го зборуваш и тоа што си се наоѓа во хармонија“, Махатма Ганди.

„Постои само еден пат до среќата, а тоа е да престанеме да се грижиме за работите кои се надвор од нашата моќ“, Епиктетус.

„Здрав дух во здраво тело е најкраткиот опис на среќата“ Џон Лок.

„Трите клучни состојќи за среќа во овој живот се: Да работите нешто, да сакате некого и да се надевате на нешто“, Џозеф Адисон.

Фото: Пиксабеј

„Веруваме дека среќата е плод на слободата, а слободата плод на смелоста“, Карл Попер.

„Кој верува дека е среќен, тој навистина е среќен“, Јован Дучиќ.