Иако досега тие тоа го криеа од јавноста, сепак се излезе на виделина. Пред нивниот сакан кокершпаниел Лупо да почине, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам своите деца ги запознале со ново кученце, кое станало нов, рамноправен член на нивното семејство.

Малку е да се каже дека на седумгодишниот принц Џорџ, петгодишната принцеза Шарлот и двегодишниот принц Луис на лицето им се појавила насмевка кога нивните родители Кејт Мидлтон и принцот Вилијам во домот донеле нов четириножен пријател – кученце кокершпаниел кое го нарекле Луна, и тоа кратко пред да почине нивниот прв миленик Лупо.

Малечката Луна ја земале од леглото на Џејмс Мидлтон, братот на Кејт кој се занима со одгледување на оваа раса, а интересно е што починатиот Лупо е вујко на малечката Луна. Кокершпаниелот Лупо почина во ноември минатата година, на девет години, а пред да се случи тој немил настан семејството набавило нов мал сладок подарок за децата.

„Новото кученце е неодоливо и целото семејство е возбудено поради него. Малку е да се каже дека смртта на Лупо ги скрши, а тоа ќе го сфати секој сопственик на миленик, но кученцето пристигна пред да се случи немилиот настан. Желбата на Кејт и Вилијам беше младото кученце да му биде пријател на Лупо и да му ја врати енергијата“, откри извор близок на кралското семејство.