Никола Лакушиќ, Србин кој живее во Швајцарија во изјава за Ал Џезаира тврди дека е посредник на руските вакцини Спутник-В за Македонија. Покрај нашата земја, тој е посредник и за БИХ, Алжир и Бугарија.
Лакушиќ изјави дека поседува договор за застапување на овие четири земји потпишан со инвестицски фонд од Русија.
БИХ веќе има нарачано пола милион дози од вакцината преку посредникот и компанијата „Медимпекс“.
– Се декларирав преку фирмата „Медимпекс“ која учествуваше на третиот тендер за набавка на вакцините и уредно и законски ја добив работата со агентски договор со важност од шест месеци, до јули оваа година – вели Лакушиќ.
Тој ги потврдува и условите од договорот според кои тој прифатил сукцесивно плаќање. Парите ќе ги прими по пристигнувањето на вакцините.
Лакушиќ истакнал дека во Србија има проблеми со српското правосудство за вакцините, односно изјави дека „бил мета на режимот на Вучиќ“. Ги негира шпекулациите дека набавката се вржи преку сомнителна компанија во Швајцарија.