Србин од Ниш кој се вика Никола Петровиќ, на социјалните мрежи објави што му се случило во близина на Тетово кога патувал. Имено, на неговиот автомобил му се дупнала гумата, а како што вели бил изненаден од луѓето. Тој вели дека за само неколку минути 10 луѓе, од кои 9 биле Албанци застанале и му понудиле помош.
Искушенијата се составен дел од патувањето. Некој штраф ми ја скина гумата кај Тетово, а во недела не работат вулканизерите на патот. Додека го извадив помошното тркало, 10 луѓе (од кои 9 Албанци) застанаа да ме прашаат дали ми треба помош. Еден му се јави на својот познаник, вулканизер кој живее и работи во блиското село, кој седна во колата, ми го симна и го однесе тркалото, го врати и го монтираше по 15 минути. Побара 10 евра за услугата, ама ако имам, и ме викна на кафе. Сакам да верувам дека некој со ТЕ таблички што се нашол во неволја некаде во близина на Ниш ќе се помине како јас денес, напиша тој на Фејсбук.