Владата на Србија пропиша максимална малопродажна цена на нафтените деривати еуро дизел и евро премиум БМБ 95 да изнесува 179, односно 171 динар за литар. Како што беше соопштено, членовите на владата ја донесоа Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати со цел да се спречи поголемо нарушување и да се зачува животниот стандард на населението, бидејќи во претходниот период цените се зголемија, што директно ги зголеми цените на сите други стоки и услуги.
Усвоен е и предлог-законот со кој се уредува прашањето за исплата на парична помош од 100 евра на младите од 16 до 29 година. Се додава дека оние кои добиле парична помош нема да мора повторно да аплицираат. Донесена била и одлука за вработување на 1.000 дипломирани медицински лица во здравствените установи во Србија и со тоа да се овозможи непречена, ефикасна, континуирана и достапна здравствена заштита.