Српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ, соопшти дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, наредил „највисок степен на борбена готовност до ниво на употреба на вооружена сила“. Началникот на генералштабот, Милан Мојсиловиќ, претходно изјави оти Вучиќ го испратил на косовската граница поради „сложена ситуација“.
Утринава, Србите на северот на Косово поставија нови барикади во северниот дел на Митровица, како и на новиот мост кој од градот води кон Рашка. Поминаа 18 дена откако се поставени барикадите.